12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Без пржење и поховање: За ручек подгответе тиквици во рерна

Овој оброк се спрема многу едноставно и лесно!

Состојки: 2-3 тиквици, 150 гр сирење, 100 гр кисела павлака Пекабела, сол, масло, 2-3 чешниња лук, копар

Начин на подготовка: Исечкајте ги измиените тиквици на кругови. Посолете и оставете да се исцедат.

Наредете ги во плех, обложен со хартија за печење и намастен со масло. Издробете сирење, измешајте го со павлака, изгмечете лук и ситно исечкан копар.

Намачкајте ги тиквиците со готовата смеса. Печете додека не поруменат. Посипете со копар.

Добар апетит!

Спонзорирано: