21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува – откупот на сливите се одвива непречено

Земјоделството беше во колапс, хаос и безредие цели 11 години додека ВМРО-ДПМНЕ криминално и расипнички ги трошеше парите на граѓаните, а земјоделците беа понижувани малтреирани и уценувани. За разлика од потценувачкиот однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство градат партнерски однос со земјоделците и сите наследени и настанати проблеми ги решаваат во интерес на земјоделците.
Залудно ВМРО-ДПМНЕ измислува непостојни случаи преку кои ја вознемирува јавноста, откупот на сливи тече и се одвива непречено, се вели во соопштението на СДСМ.

Според оваа партија, Министерството воведе нова дополнителна субвенција од 2 денара за килограм за правните лица откупувачи на сливи. Истовремено, субвенцијата за предадено овошје во преработувачките капацитети, вклучително и за сливите, е зголемена од 2 на 3 денари за предаден килограм овошје. Преку ваквите мерки вкупната финансиска поддршка што ја дава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за стабилизација на откупот на сливи изнесува 5 денари за килограм.

„Таквата финансиска поддршка за откупувачите ќе важи до 15 септември за откупена индустриска слива со цена не пониска од 5 денари, а договорено е цената за откуп на свежа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм. Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на земјоделството и подобар животен стандард за сите земјоделци“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: