5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Германија зафатена од големи пожари – евакуирани над 500 лица, се слушаат детонации на сите страни

Големи пожари ја зафатија Германија принудувајќи евакуација на три села југозападно од Берлин. Брзината на пожарите принуди повеќе од 500 луѓе да ги напуштат своите домови во селото Троенбрицен, кое се наоѓа на 50 километри од Берлин. Нема информација за евентуални жртви.

Како што пренесуваат локалните медиуми, од зафатеното подрачје се слушаат детонации бидејќи во регионот има голем број неактивирани бомби и гранати од Втората светска војна. Според полицијата, плановите за гаснење на пожарот се комплицирани бидејќи има складишта со воена муниција од Втората светска војна, кои во секој момент може да експлодираат.

„На пожарникарите пристапот до пожарот им е забранет. Муницијата е многу опасна, па не смееме да газиме низ теренот. Затоа не можеме да пријдеме до пожарот и да го изгаснеме“, велат надлежните.

Пожарите избувнаа вчера попладне и бргу се проширија на сувите борови шуми предизвикувајќи евакуации на околните села. Тие се закана за три села во подрачјето југозападно од Берлин.

Спонзорирано: