20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Политичарка се самоуби откако призна дека ја силувале – нацијата во тага

Холандската јавноста се уште е во шок од самоубиството на политичарката Вили Диле, која изврши самоубиство само неколку часа објави видео во кое тврди дека минатата година ја силувале група на мигранти, а по наредба на нејзиниот поранешен партиски колега.

Во видео пораката, таа тврди дека група криминалци, муслимани, ја киднапирале, нападнале и силувале на 15-март минатата година, на денот на локалните избори, а по налог на нејзин поранешен партиски колега.

Полицијата тогаш соопшти дека знае за случајот, но дека не може ништо да стори бидејќи не е поднесена тужба.

Диле во видео пораката рече дека ја напушта политиката и се плаши за нејзиното семејство.

– Не можам да живеам со тоа. Тие луѓе мразат жените и ме мразат мене, рече Диле.

Нејзината објава на Фејсбук беше брзо отстранета, а следуваа бројни коментари на социјалните мрежи.