7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Неработен ден пред Македонците – овие денови ќе уживаме

Вторник, 28 август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Следниот неработен ден за Денот на независноста, 8 Септември се паѓа во сабота, па практично „пропаѓа“, се разбира доколку не сте во групата работници за кои нема викенд.

Ова се неработните денови кои ни остануваат до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Спонзорирано: