11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кој нормален ќе најми ветеринарен техничар со дијабетес да го убие Заев, праша обвинетиот Игор Југ

Обвинетиот за крвавиот четврток, Игор Југ, во воведниот говор пред судот поставуваше прашања за неговата улога за која го товари Обвинителството.

„Кој нормален налогодавец, покрај илјадници воени и полициски специјалци, од 20 или 30 години, ќе најми 47-годишен ветеринарен техничар, дијабетичар, со притисок 200 со 100, за убиец“, праша Југ.

Тој рече дека влегол низ главната врата и бил сниман од собраниските камери како лута 1 час бидејќи влегол првпат во Собранието. „Како ќе влезам во Собранието без маска, висок речиси метар и 90 сантиметри, тетовиран по целото тело, со брада тогаш речиси до градите? Носев маичка со куси ракави од ХОС (хрватске одбранбене силе)“, рече обвинетиот. !„Јас сум најлесен плен за собраниските камери. Секој мој гест го има на нив“, рече Југ.

„Која земја би ме заштитила како убиец на премиер“, запраша обвинетиот и додаде дека 5 месеци по настанот бил уапсен во својот дом. По настанот, како што кажа, го проширил и семејството. „Како татко, за какви пари би го напуштил семејството?“, запраша Југ.

Обвинетиот рече дека немало потреба полиција да го пробива кордонот зашто таков кордон немало. „Земјава, која ја сакам како Хрватска, ме прогласи за терорист“, истакна Југ.

Судот заседаваше од 10 часот наутро до 18.40 часот со две паузи. На следното рочиште ќе биде изјаснувањето за вина.