14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Северина четири дена не излегува од станот, се огласи нејзиниот адвокатски тим

По повод експлицитните фотографии кои во понеделникот осамнале на интернет, се огласи адвокатскиот тим на Северина Којиќ кој тврди дека се работи за фотомонтажа.

Адвокатите на Северина Којиќ, имено, тврдат дека фотографиите поради кои пејачката пред четири дена се нашла среде скандал не се веродостојни.

– Наведените фотографии не се веродостојни. Прибавените фотографии претставуваат фотомонтажа, се наведува во соопштението на адвокатите на Северина, пренесе Блиц.

Потсетуваме, фотографиите на кои Северина е целосно гола осамнаа на сите регионални медиуми, а оваа афера веќе четврт ден го тресе регионот.

Како што пишуваат хрватските медиуми, откако се објавени експлицитните фотографии, од Северина нема ни трага ни глас. Таа, според медиумите, не излегува од станот во Загреб во кој стигнала пред неколку дена, а истото се случувало и пред 14 години кога на интернет се појави нејзината приватна снимка.