13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Требало ли да се телепортираат полицајци за акцијата да заврши побрзо, праша адвокатот на Чавков

„Наводниот терорист што седи до мене го формирал оперативниот кризен штаб“, го бранеше Чавков неговиот адвокат, Сашко Дуковски, во воведниот збор за судењето за крвавиот четврток.

Според него, Чавков успешно го водел штабот 3 месеци и успешно го координирал, а за 1 час кај него се јавува умисла за тероризам. Дуковски рече дека Чавков дејствувал континуирано и издавал наредби за конкретни дејствија и ги прекинал насилствата.

„Ќе докажеме кој и како издавал наредби во оперативниот штаб“, рече Дуковски.

Акцијата, според него, траела час и 20 минути. „Што требало? Да се телепортираат полицајци за акцијата да заврши побрзо, или да имало 100 мртви ако полицијата презела прекумерна употреба на сила?“, праша бранителот на Чавков.

Тој додаде и дека Богдан Илиевски е обвинет за тероризам за само 1 реченица. Во судот продолжува изнесувањето на воведните зборови во предметот за крвавиот четврток.

Спонзорирано: