10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владејачката СДСМ со остро и жестоко соопштение до ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ делува прилично нервозно и уплашено од назначувањето на новиот директор на БЈБ, институциите се професионализираат и работат во служба на законите

ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со години го злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи не може да се помири со професионализација на институциите коишто денес работат во интерес на граѓаните.

Како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше кон МВР доволно говорат фактите што оваа партија МВР го претвори во МВРО-ВМРО, а за директор на Бирото за јавна безбедност го постави Митко Чавков, човекот кој денес е на обвинителна клупа за упадот во Собранието на 27 април.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ е прилично нервозна и уплашена од назначувањето на врвен професионалец на чело на БЈБ. Но тука нема помош за опозициската партија, ќе мора да ги вратат парите што ги украдоа од граѓаните и да одговараат за своите постапки.

Биографијата на Тасевски го потврдува негивиот професибализам. Тој е магистар по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност и со себе носи дводецениска кариера во МВР без ниту една дамка.

Разликите во владеењето се повеќе од видливи. Македонија чекори кон професионалност, отчетност, праведност. Македонија чекори кон Европа. ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на криминалот.

извор СДСМ

Спонзорирано: