20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Луѓето трчаа во паника по силниот потрес од 7.3 степени – бегаа да спасат жива глава

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди северниот брег на Венецуела и ги потресе зградите сè до главниот град Каракас, објави американската геолошка агенција.

Властите изјавија дека нема информации за жртви или каква било материјална штета.

Земјотресот се случи во близина на градот Карупана и се почувствува и во соседна Колумбија кон исток и во близина на Тринидад и Тобаго и Сент Лусија на запад и на север.
https://www.youtube.com/watch?v=bOlfs-KAh6g

По ужасниот земјотрес што ја погоди оваа област, на социјалните мрежи кружат вознемирувачки снимки.

Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени, исто така, ја погоди областа на државата Вануату во Тихиот Океан, и исто така немаше вести за штети.

Ураганот „Лејн” денес зајакна на категоријата пет додека се движи кон Хаваи, каде што жителите се подготвуваат за опасни ветрови и поплави кога бурата ќе стигне на овој американски остров во наредните денови.

Експертите очекуваат центарот на невремето да помине многу близу до островот или над него.