10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден човек загина кога автомобил со канистери бензин се заби во собрание

Автомобил со два канистери бензин удри во градското собрание во холандскиот град Бемел и се запали. Еден човек е пронајден мртов на местото на инцидентот и се претпоставува дека се работи за возачот.

Еден од канистерите со бензин експлодирал и предизвикал пожар, соопштиле претставници на противпожарната служба. Полицијата не го открила идентитетот на возачот, но навела дека има сериозни сомневања за кого се работи.

Нема други жртви во инцидентот во Бемел, кој се наоѓа на околу 100 километри југоисточно од Амстердам. Полицијата ги истражува причините за инцидентот.

Спонзорирано: