16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Крсто Мукоски не знаел со која намера се влезени луѓето во Собранието, рече неговиот адвокат

Адвокатот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски за упадот во Собранието на 27 април минатата година рече дека неговиот клиент не знаел со која намера луѓето се влезени во парламентот.

„Нема двострана комуникација, нема ниту наредба за преземање дејства“, рече адвокатот на обвинетиот пратеник. Според тоа, додаде тој, не може да стане збор за умисла со која е сторено кривичното дело што му се става на товар на мојот клиент.

Истиот адвокат, кој го застапува и Оливер Радулов, рече дека тој бил само во придружба на Сашо Марковски од УБК кога биле во Собранието. Обвинителството ги обвини за помагање поради одземените харддискови со видеоснимките од собраниските камери.

Спонзорирано: