16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација
МАКЕДОНИЈА

Од денеска на ова место сообраќајот ќе се “поремети”

Поради изградба на подземната сообраќајница на булеварот Македонија, зад ТЦ „Рамстор“, од денеска во 18 часот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на булеварот Македонија, и тоа на потегот од раскрсницата со улицата Јордан Мијалков и улицата Герман до раскрсницата на булеварот Македонија и улицата Новопроектирана 5, информира МВР.

Возилата што се движат по улицата Јордан Мијалков и улицата Герман нема да може да свртат лево по булеварот Македонија, односно ќе мора да продолжат право по улицата Јoрдан Мијалков и ќе може да се приклучат кон булеварот преку привремената улица пред крстосницата со улицата Павел Шатев.

Возилата што ќе се движат по булеварот Македонија на потегот од раскрсницата на улицата 11 Октомври со булеварот Борис Трајковски ќе бидат пренасочени.

Спонзорирано: