Супер вест од Владата: Силен скок на платите

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија, во јуни 2018, изнесува 24 203 денари и бележи раст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7 отсто и преработувачка индустрија за 14,7 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2018 изнесува 35 530 денари.