14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Цената на бакарот надмина 6 000 долари за метрички тон

Цените на основните метали денес се подобрија, па цената на бакарот повторно надминува 6000 долари за метрички тон.

На јакнењето на цените на металите влијаеше стивнувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина, како и зголемената побарувачка, според њујоршката агенција „Блумберг”.

Цената на бакарот на Лондонската берза на метали (ЛМЕ) со рок на испорака од три месеци се зголеми за 1,6 отсто, на 6 020 долари за тон, додека цената на другите метали, исто така, е во нагорен тренд, со зголемување на цената на алуминиумот за 2,3 проценти.

Цените на бакарот продолжија да јакнат денес, откако податоците укажуваат на најголем пораст на нарачки на металите на ЛМЕ-берзата во последните три години.

Сепак, врз цените на металите најголемо влијание има исходот на кинеско-американската трговска војна.

Кина планира да ја испрати својата делегација во САД кон крајот на овој месец, надевајќи се дека ќе ги оживее трговските преговори кои се во ќорсокак од јуни.