10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
МАКЕДОНИЈА

Министерство за одбрана: Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува по пустошот што го направи во АРМ

Неодговорно е партијата која беше 11 години на власт и која целосно ги запостави АРМ и Министерството за одбрана денес да обвинува, реагираат од Министерството за одбрана по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зачудувачки е што тие испраќаат соопштение со лажна загриженост и денеска кога медиумите пренесуваат разговори од таканаречените бомби во кои се слуша како се врши притисок на војниците на АРМ пред парламентарните избори во 2011 година. Ние изнаоѓаме решенија за пустошот што го остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе во Армијата на Република Македонија и во Министерството за одбрана, особено поради нивните планови да ја зајакнат полициската држава на сметка на АРМ. За првпат после десет години ги зголемивме платите на припадниците на АРМ за 10 посто, го зголемивме буџетот за одбраната за 15 отсто, ја вративме исплатата на јубилејна награда која тие премолчено ја укинаа, го вративме плаќањето за 24 континуирано дежурство кое исто така беше прекинато со години наназад“, стои во реакцијата на Министерството за одбрана.

Модернизација на АРМ веќе започна, се додава во соопштението, и дел од набавките веќе се објавени. Огласот за набавка на теренски чизми за сите родови на АРМ е во тек а повторно ќе се објави и огласот за набавка на униформи. Заврши времето на тендери во четири очи. Ние го почитуваме Законот за јавни набавки и ја следиме законската процедура, стои во соопштението на министерството.

Спонзорирано: