9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ѓорче Петров стана змијарник и ѓубрарник

Откако Наумовски е градоначалник, општина Ѓорче Петров стана змијарник и ѓубрарник, изјави денеска на прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поставуваме прашање, има ли Ѓорче градоначалник и ако има, работи ли тој нешто? Ѓорче стана змијарник и ѓубрарник, а човекот што не работи ништо не само што не го спречува тоа туку не ги ни чисти дивите депонии. Жителите на Ѓорче Петров постојано на социјалните мрежи објавуваат фотографии од неисчистени зелени површини кои се полни со смет, узурпирани јавни површини зафатени од вегетативната природа, змии во дворовите на училиштата и патеките за рекреирање, додека, пак, од друга страна градоначалникот на Ѓорче Петров на ‘Фејсбук’ се фали дека ја чистел општината“, рече Андоновска.

Таа додаде дека децата се изложени на опасност од зарази, болести и бактерии и го повика градоначалникот Наумовски да ги исчисти дивите депонии во „Даме Груев“ во пределот кај реката Лепенец, депонијата во атарот на село Орман, во Хром кај паркчето Полјана и Дексион кај месноста Јурија.

Спонзорирано: