8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авганистанските сили ослободија 149 заложници

Силите на авганистанската влада ослободија 149 лица кои талибанците ги киднапираа пред неколку часа. Во рацете на бунтовниците се наоѓаат уште 21 лице.

Властите претходно соопштија тека талибанците во текот на денот во заседа во северниот дел од Авганистан киднапирале повеќе од 100 лица, вклучувајќи и деца.

Ова се случило неколу часа откако претседателот на Авганистан, Ашараф Гани, ги повика талибанците на примирје, за време на муслиманскиот верски празник Курбан бајрам.

Шефот на советот на провинцијата Кундуз, Мухамед Јусуф Ајуби, рече дека напаѓачите пресретнале три автобуса на патот кон Кан Абад и ги киднапирале патниците кои од провинциите Бадахшан и Тахар патувале кон Кабул.

Тој претпотставува дека талибанците барале владини службеници или членови на безбедносните сили.