17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

До денеска пријавени 1 459 граѓани од дијапората за гласање на референдумот

Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб-апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 1459 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство.

Од нив, 1431 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а една пријава е во обработка, соопшти ДИК.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 160, во Љубљана – 105, во Лондон – 93, и во Торонто – 88.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина, Киев, Њу Делхи, Подгорица, Приштина и Тирана – по една пријава.

Државната изборна комисија соопшти дека податоците од јавниот увид во избирачкиот список ќе бидат доставени подоцна во текот на денов, по нивната обработка.

Спонзорирано: