8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Владимир Путин пристигна во Берлин

Рускиот претседател Владимир Путин попладнево пристигнал во Берлин, каде што оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Авионот на Путин слетал на меѓународниот аеродром „Тегел“. Путин во Германија дојде од Австрија, каде што присуствуваше на свадбата на австриската министерка за надворешни работи, Карен Клајнл.

Како што јавуваат медиумите за време на неговиот пат од хотелот, каде се одржувала свадбата на австирската шефица на дипломатијата, до аеродромот Путин остварил и кус неформален разговор со австрискиот канцелар Себастијан Курц, на кој станало збор за актуелните состојби во светот.

По пристигнувањето во Берлин, Путин оствари средба и со германската канцеларка Ангела Меркел. На средбата исто така станало збор за клучните прашања со кој се соочува светот, но и за важните односи меѓу Русија и Германија.

Рускиот претседател на состанокот со Меркел посочил и дека Русија придава големо значење на развојот на заемно корисната соработка со Германија, и додал дека енергиката е еден од нивните главни приоритети.

Путин претходно во своето обраќање до медиумите пред средбата со Меркел пак посочи и дека Русија е подготвена да продолжи да работи на прашањето за решавање на состојбата во Украина, и дека ова прашање ќе се дискутира и на средбата.