17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Неонацистите во Берлин ја одбележаа годишнината од смртта на Рудолф Хес, еден полицаец повреден

Oколу 600 неонацисти маршираа на улиците во Берлин по повод годишнината од смртта на воениот злосторник и заменикот на Хитлер, Рудолф Хес, јавија германските медиуми.

Како што додаваат медиумите за време на маршот покрај неонацистите имало и група граѓани кои биле против, а меѓунив имало околу 2.000 полицајци. За време на маршот дошло до судири меѓу активистите и неонацистите при што најмалку еден полицаец бил повреден.

Голем број радикални десничари, облечени во црвена и бела облека, го носеле црвено-бело-црното знаме на Третиот рајх.

Неонацистичките групи секоја година одржуваат собири на денот на раѓањето на Хес и на денот на неговата смрт.

Спонзорирано: