11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Божиновски: СДСМ издава објекти кои се во сопственост на државата

СДСМ издава објекти кои се во сопственост на државата, обвини на денешната прес конференција Игор Божиновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме случај каде сомневањата се дека СДСМ, Сојуз на борци на НОВ и Сојуз на синдикати на Македонија во Куманово изнајмуваат на правни субјекти, имот кој е во сопственост на Република Македонија и кириите ги собираат во сопствените каси. Сомневањата се дека наведените организации без документ и право на сопственост се ставаат во функција на сопственик на имот кој е во сопственост на граѓаните“, изјави Божиновски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во својата изјава додава дека објектот кој се води на катастарска парцела 17651, каде се наоѓаат објектите во состав на поранешен комитет со имотни листови 15107 и 72960, според катастарот се во сопственост на државата, додека градоначалникот Максим Димитриевски тврдел дека сосопственик на зградата е СДСМ со уште два правни субјекти.

Спонзорирано: