9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза: УХМР најавува ново изненадување со времето

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Попладне особено во западните и југозападните делови според синоптичарите ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје пак времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, велат од УХМР и додаваат дека се очекува температурата да достигне и до 34 степен.

УВ индексот ќе изнесува осум.

Во наредниот период ќе се задржи топло време, но и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови, велат синоптичарите.

Спонзорирано: