8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради спор со Малта, Италија се заканува дека ќе врати 177 бегалци во Либија

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, поради спорот со Малта, се закани дека во Либија ќе ги врати 177-те бегалци кои веќе три дена се наоѓаат на брод на италијанската крајбрежна стража.

Претходно, Салвини побара од европските земји да ги преземат бегалците, по инсистирањето на малтешкиот министер за внатрешни работи дека единствено решение за овие Либијци е да се приземјат на италијанскиот остров Лампедуза.

Бегалците се во бродот од 16 август, кога италијанската крајбрежна стража ги спасила од водите што територијално и припаѓаат на Малта.

Италија побара од отстровската земја да ги прими назад, но таа одби, наведувајќи дека бродот со кој пловеле не бил во неволја и дека тие самите ја одбиле нивната помош и изразиле желба да продолжат по патот кон Италија.

Малта обвинува дека Италија ги спасила бегалците во малтешките води, само за да спречи да навлезат на италијанската територија.