19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против едно лице за три кривични дела „тешка кражба“

Секторот за внатрешни работи во Скопје до Основното јавно обвинителство поднело кривична пријава против 30 годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела ,,тешка кражба“.

Како што информираат од полицијата, лицето првото дело го извршил во месец март годинава отакако со употреба на сила и погоден алат влегол во куќа и одзел телевизор, паричник со пари и други предмети, по што побегнал во непознат правец.

Втората кражба ја извршил истиот период, велат од МВР и додаваат дека 30 годишниот маж со употреба на сила влегол во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и одзел телевизор, по што повторно побегнал.

Во третото кривично дело како што додаваат од МВР лицето при влез во куќа одзело два лап-топ компјутери, еден таблет, еден мобилен телефон и еден ранец.

Со извршените дела 30 годишниот скопјанец се стекнал со вкупна противправна имотна корист од околу 125.000 денари. По неколку месечна потрага лицето било пронајдено и приведено.