10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Голем новитет на патарините во Македонија: Еве како од сега за две секунди ќе се поминува низ македонските патарини

Покрај автоматизираниот систем на плаќање на патарините, граѓаните ќе може да купат и тагови кои се лепат на шофершајбната, по што доволно ќе биде само да се застане две секунди додека системот го регистрира тагот и рампата веднаш ќе се отвори.

Centar.mk во ексклузивно интервју со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски открива детали околу начинот на наплата.

– На одредени ленти сè уште ќе може да се плаќа готовински во кеш. На други означени ленти ќе се плаќа електоронски преку припејд и постпејд картички со едноставно допирање на картичката до означеното место за тоа. Системот врши категоризација на возилото и од картичката ќе симне онолку пари во зависнот какво возило користите, вели за Centar.mk, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Како голем новитет се таговите кои се всушност микробранови траснппордери.

– Патарина ќе се плаќа и со микробранови транспордери така наречени Тагови кои ќе се лепат на шофершајбната Пред наплатната рампа, системот го регистрира Тагот и рампата се отовора без да се губи време, вели Сугаревски за Centar.mk.

– Картичките и таговите ќе можат да се купат најпрво на самите патарини, а потоа и на продажните места со кои ЈПДП ќе склучат договор. На овој начин сметаме дека ќе нема тесни грла по патарините и ќе се олесни начинот на наплата на патната такса, додава Сугаревски, пренесе Centar.mk

Целосното интервју може да го прочитате на Centar.mk

Спонзорирано: