8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Цената на воената парада во Вашингтон го одвраќа Трамп од идејата за нејзина организација

Американското министерство за одбрана соопшти дека годинава во Вашингтон најверојатно нема да има парада по повод „Денот на ветераните“, која беше наложена од претседателот Доналд Трамп.

Портпаролот на Пентагон, полковникот Роб Менинг, изјави дека армијата и Белата куќа се согласиле да ги разгледаат опциите истата да се одржи во 2019 година, пренесува агенцијата АП.

Пентагон првично ја планираше парадата за 10 ноември годинава, со цел да им се оддаде почит на американските воени ветерани и да се одбележи стогодишнината од Првата светска војна.

Најавата за одложувањето на парадата уследи само неколку часа откако беше објавен извештај дека истата ќе чини околу 92 милиони долари, според американските официјални лица кои се повикаа на прелиминарни проценки.

Ваквата цена, според АП, е трипати повисока од цената која првично ја објави Белата куќа.