9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР: Реконструкција и санација на голем број објекти

Со цел подобрување на условите за работа на вработените, министерството за внатрешни работи информира дека во текот на минатата година интензивно се работело на реконструкција и санација на голем број објекти.

Од МВР информираат досега реконструирани се управните служби во Куманово, полициското одделение во Јегуновце, полициската станица во Ѓорче Петров, железничкот граничен премин во Гевгелија и полициската станица од општа надележност во Струга, и додаваат дека со несмален интензитет ќе продолжат и годинава.

Во соопштението од министерството за внатрешни работи додаваат дека по пат на отвoрена постапка со критериум за доделување на договор најниска цена, склучен е договорот за јавна набавка „Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“.

По склучување на договорот, додаваат оттаму веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи ширум земјава, односно во СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје.

Спонзорирано: