17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Протекоа нови бомби: „Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки да врти кај членови на антикорупциската комисија за да отворат предмет за имотот во Корчула на сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски.

„Ај види антикорупциска да имаат предмет за Б.Ц. Охрабри ги веднаш. На Војче, на Љубинка, сврти им“, му вели Јанкулоска на експолицискиот портпарол Котевски, кој ѝ ветува дека ќе сврти кај Војче.

Во претходните разговори Јанкулоска вртела на телефони во Белград за потврда дали сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.

Спонзорирано: