17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Овие три типа луѓе имаат најголеми шанси да станат милионери

Американецот Том Корли е автор на бројни книги посветени на стекнување богатство. После пет години проучување на милионерите, тврди дека дознал кои типа луѓе се најбогати.

1. Инвеститори

Нешто помалку од 22 отсто од богатите луѓе со кои разговарал спаѓаат во таа категорија. Станува збор за луѓе кои немаат никакви долгови, а пасивниот приход кој го генерираат со вложување на заштедата е доволен да го задоволи, па дури и да го надмине очекуваниот животен стандард.

2. Мајстори на својот занает

Околу 27 отсто од богатите луѓе од неговото истражување имаат извонредни способности – во кариерата, индустријата и професијата. Тие се меѓу најдобрите во работата со која се занимаваат. Овие луѓе работат или за големи, јавно признати, корпорации, во кои дел од нивната надохнада е заснована на акции, или се сопственици на приватни фирми, кои се исклучително профитабилни.

3. Сонувачи

Оние кои сонуваат се далеку најбогата група во истражувањето на Корли. Околу 51 отсто од нив се поединци кои имале голем сон и успеале да го спроведат во дело. Тој сон на крај им донел огромна заработка.

Спонзорирано: