12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ФБИ предупреди на хакерски напад: На удар банкомати низ светот, се очекува да исчезнат милиони од сметките

Банкомати ширум светот се наоѓаат под голема закана на „неминовен“ хакерски напад и се очекува милиони да исчезнат од сметките, предупреди ФБИ минатиот петок во доверлив допис до банките, кој го објавил експертот за онлајн безбедност Брајан Кребс.

Предупредувањето е испратено до меѓународните банки, а открива дека хакери планираат масовен напад на светските банкомати во наредните неколку дена.

-ФБИ има докази кои индицираат дека онлајн криминалци планираат да покренат глобална измама на банкоматите, која се поврзува со проблемот кој го препознаваме како ’неограничена операција’, се наведува во извештајот кој го објавил Кребс.

Аналитичарите ги предупредуваат банкарите дека се спрема добро координирана, глобална измама наречена „ATM cash-out“.

Наводно, криминалците планирале да хакираат процесори во банкомати и да искористат „клон-картички“ на банкомати ширум светот како би украле милиони за неколку часа.

Слична кражба се случила пред девет години, кога од банкоматите, во делови од светот, исчезнале девет милиони долари.