14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Изгоре луксузна јахта на Јадранот: Црн чад се гледа на километри (Видео)

Денес околу 15.30 часот во најголемата марина на Јадранот, марината Далмација во Сукошан, избил пожар.

Според првичните информации, изгорела луксузна јахта. На терен излегле пожарникари и Итна помош.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а мештаните јавуваат дека црн чад се гледа на километри.

Во пожарот немало повредени, а истрагата ќе покаже како дошло до избивање на огнот.

Фото: Фејсбук

Спонзорирано: