17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова прогноза: До недела сончево време, а од понеделник нова промена

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Попладне во северозападните делови со појава на краткотраен дожд.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 26 до 36 степени.

До недела ќе преовладува стабилно и суво време, но локално не е исклучена појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.