3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По лажните и скандалозни написи на социјалните мрежи: Предмалку се огласи Радмила Шеќеринска – еве што соопшти

Апсолутно неточно. Нема да се користат бомби со осиромашен ураниум ниту ќе се вршат вежби кои на било каков начин го загрозуваат здравјето на граѓаните. Ве молам споделете.
Ова го напиша денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот профил откако на социјалните мрежи се појавија сомнежи дека на Криволак ќе се користат бомби со осиромашен ураниум и дека тоа лошо ќе влијае врз здравјето на луѓето.
„Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО“, напиша таа на Фејсбук.
Министерството за одбрана најостро ги демантира шпекулациите кои се споделуваат на социјалните мрежи.