8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Измамници хараат низ Скопје: Внимавајте на ова нешто, некои скопјани останаа без своите пари

Во 15:00 часот во Полициска станица „Гази Баба”, 67-годишниот В.П. од село Трубарево, скопско, пријавил дека околу 14:00 часот од страна на напознато лице извршена му е измама при што му биле одземени 200 евра.

Откако пријавителот му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него но, прво да ги види, истите се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг по што заминал во непознат правец.

Во 8:00 часот Ј.М.(55) од село Брњарци, скопско, пријавила дека на 14.08.2018 година во времето од 12:00 до 13:00 часот била измамена од страна на непознато лице при што и биле одземени 5.000 денари.

Измамата е извршена од страна на непознато лице на тој начин што пријавителката му дала пари за да и донесе огревно дрво и откако и рекол дека веднаш ќе и ги донесе дрвата заминал во непознат прваец.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.