15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати во Џенова се искачи на 39, повредени се 16 лица

Бројот на загинати при уривањето на мостот во Џенова се искачи на 39, а бројот на повредени на 16. Потрагата под урнатините сè уште трае. Претходно беше објавено дека меѓу жртвите има три деца на возраст од 8, 12 и 13 години.

Надвозникот се урна вчера, при што десетина возила пропаднале низ пукнатините. Државното италијанско радио јави дека меѓу повредените е и една жена чија куќа се запалила кога над неа паднал дел од конструкцијата на мостот.

Мостот се урна во услови на силно невреме проследено со грмежи, а очевидци велат дека се урнал по удар на гром. Повеќе од 400 лица биле евакуирани поради стравувањата дека другите делови од мостот би можеле да паднат. Причината за катастрофата не е позната, но се поставуваат прашања за безбедноста на мостот кој е изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.

Спонзорирано: