23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат скандалите на МВР со злоупотреба на службените возила

МВР ТУРС продолжува да вози во летните денови, реагираат и денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„По злоупотребата на службено возило за приватни потреби на сега поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски, медиумите објавија дека службено возило во текот на минатата недела користел и Командантот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски. На фотографија која ја објавија медиумите се гледа како службено возило на МВР, управувано од Димовски се наоѓа на паркинг во Охрид. Единицата „Алфа“, чиј Командант е Димовски има овластувања за дејствија само на територија на Градот Скопје, активности надвор од Скопје може да врши само со претходно овластување од Началникот на СВР Скопје“, вели Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

МВР и Димовски да излезат и да го покажат налогот со овластување доколку го има, во спротивност Димовски да си поднесе оставка на функцијата Командант на единицата „Алфа“, посочуваат од партијата.

Спонзорирано: