25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Во најголемите пожари во историјата на Калифорнија загинаа шест пожарникари

Во Калифорнија веќе неколку недели трае борбата против најголемите пожари во историјата на земјата во кои животот го загубија шест пожарникари.

Министерот за внатрешни работи, Рајан Зинке, одговорен пред сè за националните паркови и индијанските работи, и министерот за земјоделство, Сони Пердју, се во дводневна посета во близина на жариштето Кар, западно од градот Рединг, во северниот дел на Калифорнија.

Тоа жариште, еден од 12-те пожари што во моментот ја пустошат Калифорнија, претвори во пепел повеќе од 82.000 хектари и уништи повеќе од 1.000 куќи од почетокот на пожарот на 23 јули. Се проценува дека во понеделникот утрото по локално време пожарот е совладан на ниво од 61 отсто, но десетици илјади луѓе мораше да бидат евакуирани.

„Пожарот го уништи нашето јавно земјиште и време е на правилен начин да се управува со нашите шуми“, напиша Зинке на својот твит и предизвика гнев на екологистите со своите коментари за климатските промени. „Слушнав аргументи за климатските промени надолго и нашироко. Тоа нема никаква врска со климатските промени. Тоа е активно управување на шумата“, рече тој.