20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО ДПМНЕ со чекор кој никој не го очекуваше: Вакво нешто не направила речиси ниту една десничарска партија во Светот

ВМРО-ДПМНЕ со нов статут: Наместо меници, безусловни оставки!

Страв од нова, уште поголема централизација во ВМРО-ДПМНЕ, пополнување на органите и телата најмногу со луѓе блиски на претседателот и најтесното раководство, и одредби што не водат кон демократизација, туку кон елиминација на секој со слободно искажан став.

Ова се само дел од забелешките што дел од Општинските комитети (ОК) ги споделија со БИРН, откако новиот предлог-статут им бил доставен на разгледување до крајот на август. Во документот што тие го ставија на увид до БИРН има повеќе спорни одредби, за кои одговор од таму побарале во врвот на партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ е народна партија со демохристијанска ориентација, која се темели на конзервативно поимање на човекот и дава етичка основа за одговорна политика“, стои во членот 2.

Што значи конзервативно поимање на човекот и дали само тоа дава етичка основа за одговорна политика? – прашавме во раководството на партијата.

„Тоа е фраза што стои во статутите на сите конзервативни партии. Напишано е повеќе во филозофска смисла. Се мисли на типичен конзервативец, поединец кој е без либерални сфаќања за животот, односно кој е помалку отворен кон нив“, објаснуваат извори од раководството.

Повеќе на БИРН.