5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Старици украле половина милион долари од училишта во кои работеле

Две сестри, поранешни работнички во школски мензи во Конектикат, обвинети се дека во текот на изминативе пет години украле речиси половина милион долари од училиштата во кои работеле.

Полицијата наведува дека Џоана Паскарели (61) и Марие Вилсон (67) се предале, откако бил издаден налог за нивно апсење.

Двете се обвинети за кражба и измама и се товарат дека во периодот од 2012 до 2017 година украле вкупно 478.588 долари од две средни училишта во кои работеле.

И додека од училиштата немале коментар, адвокатот на Марие Вилсон за американските медиуми рекол дека таа е невина и дека нема да дозволи да биде „жртвено јагне“.

Сестрите се пуштени од затвор откако платиле кауција од по 50.000 долари, а пред судија ќе излезат кон крајот на август.