20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Како во акционен филм: Драматична снимка од вооружен напад на полицајци (Видео)

Требало да биде рутинска проверка на возач на пат во Пенсилванија, а се претворила во брутална вооружена пресметка.

Полицајците Сет Кели и неговиот колега Рајан Сипл го запреле Даниел Клери поради брзо возење.

Се утрврдило дека 22-годишникот возел пијан па полицајците се обиделе да му стават лисици. Но, ситуацијата ескалирала: Клери се оттргнал, дотрчал до својот автомобил, земал пиштол и пукал во полицајците.

Иако погоден со неколку куршуми, полицаецот Сет Кели се префрлил преку ограда. Кога стигнала итната помош, срцето престанало да му работи, бил клинички мртов, но бил реанимиран во болница.

Во огнената пресметка ранет е и престапникот Даниел Клери кој успеал да избега и да оди во болница каде е уапсен. Сега му се суди за обид за убиство.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина

Спонзорирано: