18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган против Трамп – додаде масло на огнот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД по заострувањето на односите со неговиот долгогодишен сојузник.

Претходно, односите меѓу Анкара и Вашингтон се влошија поради случајот со американскиот свештеник Ендрју Бренсон, кој беше притворен во Турција, како и поради зголемувањето на тарифите за увоз на челик и алуминиум од страна на САД.