20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во Будва во моментот престојуваат над 70.000 туристи

Во Будва во моментот престојуваат околу 73.000 туристи, што е неколку проценти повеќе во споредба со лани, соопшти директорот на локалната туристичка организација (ТО), Младен Франовиќ.

„Будва е полна. Се наоѓаме во шпицот на сезоната, па не е неочекувано“, вели Франовиќ за медиумите во земјата.

Тој наведе дека меѓу гостите најмногубројни се оние од поранешните југословенски држави.

Франовиќ истакна декa Будва годинава бележи подобра наплата на таксата за престој.

„Наплативме околу два милиона евра, а до крајот на денот очекуваме наплата подобра за разлика од лани“, соопшти Франовиќ.

Најавувајќи низа манифестации, тој рече дека угостителските објекти во Будва очекуваат добар континуитет до крајот на сезоната.

Спонзорирано: