Турската лира на историски минимум

Турција изработи акционен план и ќе започне да го спроведува денеска за да ги смири вложувачите, изјави министерот за финансии, Берат Албајрак, откако курсот на лирата према американскиот долар потона на најниско ниво на вредност во историјата.

Албајрак, во интервју за „Хуриет“ рече дека слабоста на лирата е последица на нападите и дека акциониот план е подготвен.

„Од денеска, нашите институци ги преземаат потребните чекори“, најави министерот, без да изнесе конкретни детали.

Тој појасни дека планот е подготвен за банките и малите и средни претпријатија, на кои најмногу влијаат осилациите на курсот на валутата.

Од почетокот на годината лирата на вредност изгуби повеќе од 45 проценти, воглавно поради загриженоста во врска со влијанието на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган врз економијата, неговото барање за ниски каматни стапки и влошувањето на односите со САД.