6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја утре делови од Сопиште, Кисела Вода, Аеродром, Чучер Сандево и Бутел

„ЕВН Македонија“ АД преку соопштение информира дека во текот на утрешниот ден, односно 14.08.2018 година (вторник) без електрична енергија ќе останат неколку општини.

Како што информираат оттаму, корисниците на селото Долно Соње во општина Сопиште ќе останат без електрична енергија во периодот од 08:30 до 15:30 часот.

Во периодот од 08:30 до 10:40 часот, корисниците од ТС Рудопроект, како и каменолом Беровиќ, селата: Осинчани, Дражилово, Јасен, Елово, Патишка Река, Малчиште, Добри Дол, Рак, Маркова Сушица, Јаболци, Нова Брезница, Говрлево, Горно и Долно Соње и селото Света Петка, ТС Грин еко фарма- живинарска фарма, ТС Маркова Сушица Сковин, Механографија, ТС Техно Павер и ТС Мис Вато, исто така во општина Сопиште ќе останат без електрична енергија.

Понатаму како што посочуваат од ЕВН, без струја, во период од 09:00 до 16:30 часот, ќе бидат и корисниците на улицата „Христо Татарчев“ околу новиот кружен тек кај последната постојка на автобусот со број 24, во општина Кисела Вода, додека корисниците од Долно Лисиче, во општина Аеродром без електрична енергија ќе останат во периодот од 09:00 до 13:00 часот.

Без струја, според најавите на ЕВН ќе бидат и дел од корисниците во општина Чучер Сандево, односно во периодот од 08:45 до 10:45 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од место викано Чардак и дел од селото Бразда, додека во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците викендици село Побожје.

Прекин на електричната енергија во перидот од 8:00 до 9:30 минути ќе има и во општина Бутел, односно на улицата со број 8 во село Радишани, 9 куќите околу сервис „Зајо“ и куќите околу населбата „Хот и Хот“.

Спонзорирано: