9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ПОЦ воведува нов систем за контрола на рампите кај Сквер Јадран

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во понеделник (13 август) ќе го пушти во употреба новиот систем за контрола на влезно-излезните рампи на Сквер Јадран.

Како што информираат од ПОЦ, новиот систем се воведува со цел да се ослободи пешачката зона од возила и да им се овозможи на пешаците и велосипедистите непречено и безбедно движење.

„Со воведување на новиот систем на контрола само резидентите и конзуларните преставништва кои се во опфат на Сквер Јадран ќе имаат право на влез и излез на ова паркиралиште. Ваквиот систем на контрола се воведува заради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и движењето и паркирањето на возила без пристап на пешачката зона на Сквер Јадран“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: