11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево и топло со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со поизразена облачност во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а максималната од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во вторник во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во среда повеќе нестабилност попладне ќе има во југозападните делови. Најтопло се очекува да е во средината на следната работна недела.

Спонзорирано: