Најголемиот светски настан: Еве како известиле Германците за погребот на Тито

Осми мај 1980 година погребан е југословенскиот претседател Јосип Броз Тито кој починал четири дена претходно. Тоа бил настан кој собрал дотогаш невиден број водечки светски политичари.

Простувањето од Тито добило забележително место и во светските медиуми. Првата програма на германскиот јавен сервис (ARD) посветила воведни седум минути, односно речиси половина емисија од централните вечерни вести „Tagesschau“.

Репортерот од лице место ја напоменал импозантната листа на светски политичари.

Околу 500.000 луѓе дошле на испраќањето на „најголемиот син на југословенските народи“, а преносот од погребот одел во 40 земји.