5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѓорчев: Комарците се вмровци, дојде живот за нив

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев, на социјалните мрежи го критикува градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. Според пратеникот, ексградоначалникот Коце Трајановски успеал да ги пречека Реал Мадрид и Манчестер, а Петре Шилегов не можел да испрска ниту против комарци.

„Тивко е, значи дека прскаат авионите на Шилегов. Дојде живот. За комарците. Пред една година Скопје ги дочека Реал Мадрид и Манчестер. Денес Шилегов не може да испрска против комарци. Врати се Коце. Толку“, пишува Ѓорчев.

Опозицискиот пратеник објави и фотографија од градоначалникот Петре Шилегов, на која пишува „Што да ви кажам, комарците се вмровци“

Град Скопје вчера реагираше по обвинувањата за комарците. Од Градот велат дека поради зголемените врнежи во изминатиот период, се создала поволна клима за нивно брзо размножување, па одлучиле третото авионско прскање, наместо два, да трае 4 дена, почнувајќи од денес, а копненото прскање да трае од понеделник до петок.