16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон ги остави Тереза Меј и принцот Вилијам сами да одбележат стогодишнина од славна битка

Францускиот претседател, Емануел Макрон, се најде под жестоки критики во јавноста поради одлуката да не присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од битката кај Амјен, само за да не го наруши својот одмор на француската ривиера.

Дополнителни непријатности поради отсуството на Макрон предизвика и фактот дека британската премиерка Тереза ​​Меј и принцот Вилијам, кои вчера присуствуваа на церемонијата во готската катедрала во овој француски град, беа принудени да го чекаат францускиот премиер, Едуард Филип, кој, на крајот исто така не се појавил, пренесе денеска порталот „Политико“.

„Макрон веќе еднаш го прекина својот одмор во тврдината Брегансон поради Тереза ​​Меј… Јасно е дека немал намера повторно да го прекинува“, пишува весникот „Паризјен“, осврнувајќи се на посетата на резиденцијата на францускиот претседател од страна на британската премиерка, претходно месецов, со цел тие двајца да разговараат за „Брегзит“.

На крајот Флоранс Парли, француската министерка за одбрана, го прекинала својот годишен одмор за да присуствува на церемонијата.

Велика Британија и Франција вчера ја прославија годишнината од битката кај Амјен, која го отвори патот за победата на сојузниците во Првата светска војна. Во офанзивата учествувале речиси 100 000 австриски, британски, канадски и француски војници.